На протестот најавен за денеска на социјалните мрежи на кој требаше да се бара воведување на смртна казна дојдоа само тројца

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На протестот најавен за денеска на социјалните мрежи на кој требаше да се бара воведување на смртна казна дојдоа само тројца.

– Македонијо засрами се, само три лица дојдоа на протест за правда на Вања – изјави Нермина Кочан која беше меѓу тие што протестираа.

Таа рече дека не е во ред никој да нема на протестот кој беше најавен за воведување смртна казна и за  поддршка на мајката на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска.

– На протестот којшто беше како јавен повик даден за воведување на смртна казна, за одразување на почит кон семејството, мајката на малата Вања затоа што очигледно немала семејство имала најверојатно само еден родител, моментално сме тројца луѓе, Македонијо засрами се, Скопје засрами се. Не е во ред да нема никој сега кога треба на некого да му се даде поддршка – изјави Кочан.

Share This Article