More

    На производителите ќе им треба овој документ за извоз во ЕУ

    spot_img

    Производителите на електрична енергија кои ја извезуваат наскоро ќе добиваат гаранција за потекло  (Guarantees of origin – GOs) која ја бара Европската Унија. Владата, на предлог на Министерството за енергетика донесе Уредба за гаранција на потекло, а ќе ги издава Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО. Операторот ќе  воспостави и води регистар, ќе го евидентира преносот, како и  признавањето на гаранциите, нивното укинување или поништување.

    МЕМО веќе е член – набљудувач на Асоцијацијата на издавачки тела (Association of issuing bodies – AIB) која е водечка европска асоцијација за енергетска сертификација, посветена на обезбедување транспарентност преку стандардизација на гаранциите за потекло.

    Гаранција за потекло е електронски документ чија цел е обезбедување на доказ за потрошувачите дека определен удел или количина од енергијата е произведена од обновливи извори на енергија. Овие гаранции за потекло се користат во Европска Унија со цел следење и потврдување на потеклото на електричната енергија со што се промовира еколошка одговорност, транспарентност и доверба на потрошувачите на енергетскиот пазар.

    „Гаранциите за потекло се од огромна важност особено за домашните компании кои извезуваат на европскиот пазар кои ќе можат да докажат дека во оперативниот процес користат чиста енергијата т.е. енергија од обновливи извори, а со тоа го намалуваат јаглеродниот отпечаток“, велат од Министерството за енергетика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img