More

    На премиерот Ковачевски му беше укажана чест да ги прочита молитвите Симболот на верата и Оче наш во црквата „Св. Георгиј Победоносец“ во Фанар, Истанбул

    spot_img

    На премиерот Димитар Ковачевски му беше укажана чест да ги прочита молитвите Симболот на верата и Оче наш, денеска во црквата „Св. Георгиј Победоносец“ во Фанар, Истанбул, каде се одржува прва заедничка литургија на Вселенската патријаршија и Охридската архиепископија.

    Во Соборниот храм на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул денеска вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан одржуваат прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија по примањето на Охридската архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква.

    На литургијата предводена од поглаварите на двете цркви присуствуваат и митрополитите дебарско-кичевски г. Тимотеј и преспанско-пелагониски г. Петар, како и епископите хераклејски Климент и антаниски Партениј, повеќемина ѓакони, како и монаси од Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ и монахињи од манастирот Рајчица „Свети Георгиј Победоносец“.

    Во состав на владината делегација, покрај премиерот Ковачевски се министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана Славјанка Петровска и за внатрешни работи Оливер Спасовски. Предвидено е членовите на владината делегација да бидат примени од вселенскиот патријарх Вартоломеј, а покрај тоа тој ќе има и одвоена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски.

    Околу 700 верници го следат овој свечен чин во Истанбул.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img