На прашањето кој е „Дарт Вејдер“ на македонското правосудство, Ковачевски одговори дека тоа ќе го остави на имагинацијата и на истражувачкиот потенцијал на новинарите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На прашањето кој е „Дарт Вејдер“ на македонското правосудство, премиерот Димитар Ковачевски одговори дека тоа ќе го остави на имагинацијата и на истражувачкиот потенцијал на новинарите, да се навратат 15 години во правосудниот систем и да видат како се менувани одредени закони и како се монтирани одредени процеси, со тоа што многу лесно ќе може да се идентификува тоа лице кој, како што рече, потекнува од комунистичко време.

– Да се навратат петнаесетина години во нашиот правосуден систем, да видат како се менувани одредени закони, да видат како се монтирани одредени процеси и тогаш ќе можат да видат кој е Дарт Вејдер на македонското правосудство. Потекнува од комунистичкото време – рече премиерот Ковачевски.

Премиерот вчера рече дека измените во Кривичниот законик се направени во согласност со законодавства кои важат во ЕУ.

– Тоа што претходно имавме закон во кој казните беа направени од комунистичко време, односно направени од некој, како што јас го нарекувам, Дарт Вејдер на македонското судство, тоа не значи дека тие работи не треба да се променат – рече вчера премиерот Ковачевски.

Share This Article