More

    На повикот за изградба на интерконекторот за природен гас со Грција се пристигнати пет понуди

    spot_img

    На повикот за изградба на интерконекторот за природен гас со Грција се пристигнати пет понуди, а според министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, првата најдобра понуда е за 11 милиони евра пониска од износите од претходниот тендер. Фирмите се од Италија, Турција, Србија, а има и една локална. Се очекува договорот да биде потпишан на крај на јануари.

    – Првиот тендер после девет месеци беше неуспешен, направивме сето тоа да бидe многу бргу, добивме 5 понуди од коишто првата најдобра понудена е за 11 милиони евра поевтина од претходниот пат. Процедурата за финализирање на постапката е следна. Нома гас ја заврши евалуацијата, вчера се испратени процедурите, понатаму треба ЕИБ и ЕБДР да ги прегледаат сите документи и се надеваме да нема приговори, меѓутоа следува католички Божик и се надеваме дека до крај на јануари ќе биде се завршено, што значи дека очекуваме потпишување на крај на јануари. Крај на јануари ќе биде се финализирано, се што беше до нас, до Нома гас, е завршено – рече денеска Божиновска, одговарајќи на новинарски прашање, по потпишување на договоrот за грант од ЕБОР.

    Таа дополnи дека и останатите четири понуди на повикот се пониски од минатите. Фирмите се од Италија, Турција, Србија, како и една локална.

    Нам ни е најважно, нагласи таа, да се запазат сите легални процедури за да нема како минатиот пат неправилности и да добиеме  забелешки отпосле.

    Македонскиот национален оператор „Номагас“ го објави новиот повик  на 21 октомври годинава, со сума на финансирање од 83.653.000 евра. Македонскиот дел од гасоводот е во должина од 67 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img