More

    На повидок голема промена во пасошите? Еве го предлогот на Европската комисија

    spot_img

    Патувањето во странство без пасош порано беше незамисливо, но во 2024 година, проверките и процесите низ кои поминуваме стануваат технолошки сè понапредни. Еуростар воведува скенирање на отпечатоци од прсти, додека одредени аеродроми пробаа процес на качување без пасоши.

    Во обид да го направи патувањето уште поедноставно, Европската комисија (ЕК) предложи дигитализирање на пасошите и личните карти за сите што влегуваат или излегуваат од Шенген зоната.

    Предлогот вклучува создавање рамка за користење на дигитални акредитиви за патување, односно онлајн верзии на пасошот и слични податоци зачувани во чипот за пасош, како и апликацијата „ЕУ дигитално патување“ за складирање на овие акредитиви.

    Првата цел е да се зголеми безбедноста, бидејќи на овој начин би било потешко да се фалсификуваат документи, а втората цел е да се направат граничните контроли поефективни. Дигитализираните патни исправи би можеле многу да ги олеснат работите за граничните власти, како и за самите патници.

    Добрата вест е што дигитализацијата на пасошите треба да биде бесплатна, а оние кои не сакаат, не мора да ја прават затоа што се треба да биде на доброволна основа, пишува Time out.

    Сега останува на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент да се договорат за предлозите. По усвојувањето, ќе се креира апликацијата за дигитално патување на ЕУ и потребните технички стандарди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img