More

    На последните парламентарни избори ДУИ ги повика граѓаните да гласаат за Насер Зибери за прв премиер Албанец

    spot_img

    На последните парламентарни избори ДУИ ги повика граѓаните да гласаат за Насер Зибери за прв премиер Албанец.

    Од ДУИ велат дека тогашната кампањата препознатлива по мотото „Pse jo“ имала за цел да се урне табуто дека Албанец не може да биде премиер во Македонија.

    Откако не беше избран за премиер, Собранието го именуваше за Народен правобранител.

    Потпретседателот на ДУИ и актуелен МНР Бујар Османи вели дека исто така било и со изборот на претседателот на Собранието, по што беше избран Талат Џафери.

    Сега, согласно договорот Ахмети-Заев, последните 100 дена од оваа влада треба да ги води технички премиер – Албанец и тоа од ДУИ, како што инсистираат интегративците.

    Насер Зибери се согласува дека целта била да се урне табуто за премиерската функција, смета дека не треба да се заборави дека во таа кампања таа функција имала име и презиме – неговото.

    Тој ја отфрла можноста одново да биде кандидиран за премиерска функција и дека за ова разговарал со Али Ахмети.

    – Пред 10 дена имав средба со претседателот Ахмети на којашто требаше да разговараме за прашањето за кандидатот за премиер. Тој ги изложи сите можни опции, констелацијата на извештаи на политичката сцена додека ги искажував моите ставови за прашањето за мојот евентуален ангажман – изјави Насер Зибери за ТВ21

    Реков дека не е добро да се напушти оваа институција Народен правобранител во последните три месеци и потоа да не се знае како ќе се одвива нејзината идна активност, со што господинот Ахмети целосно се согласи, вели Зибери.

    Позицијата премиер Албанец во последните 100 дена е дел од договорот на владината коалиција меѓу двете партии на власт, СДСМ и ДУИ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img