Минус 9 степени се измерени изутрина во 7 часот во Попова Шапка, каде има снежна покривка од 11 сантиметри. Четири степени по нулата се регистрирани во Маврови Анови и Крушево, – 3 во Лазарополе, -2 во Берово, Претор и во Дебар, -1 во Охрид, 0 во Битола, Прилеп, Крива Паланка и во Струмица, 2 во Тетово, Виница, и во Куманово, 3 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, и во Демир Капија, а 6 во Гевгелија и во Дојран.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролоѓки работи (УХМР), во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време, освен во југозападните делови и на крајниот југоисток каде утрово е сончево со мала облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.