More

    На Попова Шапка има девет сантиметри снег

    spot_img

    На Попова Шапка изутрина во 7:30 часот се измерени -4 степени, -2 во Лазарополе, -1 во Маврови Анови, а нула степени се измерени во Крушево и во Охрид. Три степени се измерени во Берово, четири во Прилеп, Претор и во Крива Паланка, пет во Битола, Тетово и во Виница, шест во Штип, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Куманово, седум во Велес, Струмица и Кавадарци, осум во Дојран и Демир Капија и 10 во Гевгелија.

    Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека на Попова Шапка има девет сантиметри снег.

    Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Охрид, до 1 литар на метар кавдратен.

    УХМР информира дека во текот на ноќта и изутринава времето беше променливо облачно и ветровито. Дуваше претежно северен ветер кој долж Повардарие и на исток беше засилен. Утринава најсилен е ветерот во Штип и достигнува брзина од 40 километри на час, а засилува и ветерот во Скопската котлина.

    Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намалува. Од изутрина и преку денот ќе дува умерен, а особено долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

    Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.

    Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img