На покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, утре во Софија ќе се одржи состанок на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа. На настанот ќе присуствуваат премиерите на Романија, Република Северна Македонија и Црна Гора – Николае Чука, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ, соопшти службата за информирање на бугарската влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, премиерите ќе разменат мислења за последиците од конфликтот во сферите на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.
Во центарот на дискусиите ќе бидат дискусиите за регионот од војната во Украина.
Во овој контекст, акцент ќе биде ставен и на зајакнување на координацијата и соработката во Југоисточна Европа за справување со заедничките предизвици.
По завршувањето на работната сесија, учесниците на состанокот треба да имаат брифинг со медиумите.