Јас ги разбирам граѓаните кои велат добро е, работите, ама никако да се справите со криминалот и со корупцијата. Сè додека тие луѓе се присутни во судството и во обинителството ние, за жал, не можеме да одиме чекор напред во борбата со корупцијата и со сенките од минатото кои се дел од тоа политичко мочуриште кое го зароби судството и обвинителството, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан за коментар во врска со тоа што претседателката на Судскиот совет Весна дамева планира да си го продолжи мандатот за уште шест месеци.
– Верувајте, ние на секоја седница на Владата читаме ревиззорски извештаи, а јас прашувам директно кај ревизорот дали има основи за кривични дела и дали е тоа доставено до Обвинителството. Секогаш го добивам истиот одговор – да доставено е. Значи, досега имаме стотици доставени случаи до ЈО. Но, кога некој обвинител треба да потпише налог за претсрес, за приведување итн, му се слошува, добил дијареа, со гушење, почашена температита или добила итн. Секогаш тие наоѓаат начин да ја опструираат акцијата на органите на прогонот. Јас сум жестоко разочаран од ова што се случува денеска, но верувајте дека нема да бидам уште долго. Ќе влеземе во една робусна акција и ако треба со тие корупирани судии и обвинители ќе се справиме на поинаков начин – рече Мицкоски.
Тој зборуваше дека работи на тоа да се намали иселувањето на младите од државата и рече дека прават сè можат да се врати надежта.
– Полека надежта се враќа. Со исклучок на една работа и тоа го признавам и жалам што е така. Секогаш кога треба да ја имплеметираме правдата, некој од судиите и обвинителите добива дијареа, температура ило анксиозност. И тука ќе взелеме робусно во периодот што следи , нема веќе трпение, заврши трпението – рече Мицкоски.