На плоштадот Македонија во Скопје од вчера попладне е отворен пункт за донации за семејставата на настраданите во страотните земјотреси што ги погодија Туркије и Сирија.
Граѓани, компании и организации донираат облека, обувки, покуќнина, храна, вода и хигиенски производи за семејствата што во земјотресите останаа без ништо.
Пунктот ќе биде отворен се додека е потребно, а скопјани масовно донираат согласно своите можности.
Скопје уште еднаш докажува дека е град на солидарноста, подготвен да помогне секому кој има потреба за тоа, велат организаторите.