More

    На пингвините и на видрите не им е гајле за кризата, тие одбиваат поевтини риби

    spot_img

    Прекрасните видри и пингвини тресат со главите поради обидите на нивните чувари во јапонски аквариум да ги измамат за поевтини оброци поради зголемените трошоци.

    Аквариумот Хаконен, во обид да се справи со растечките цени, делумно го отстрани традиционалниот и скап крап од своето мени. Наместо тоа, на своите животни им нудат скуша.

    Животните не се задоволни од овие мерки за штедење. Некои пингвини револтирано ги вртат клуновите кога им нудат скуша.

    „Некои го земаат во уста, но потоа го плукаат“, вели директорот на аквариумот Хироки Шимамото, додавајќи дека животните разбираат дека нешто не е во ред.

    Проблемот е уште поголем кај аквариумските видри кои „едногласно“ ги отфрлаат евтините риби.

    Аквариумот ја намали количината на чарун на менито бидејќи цената на оваа ценета риба е зголемена за 20 до 30 отсто во однос на минатата година.

    Раководството се уште делумно откупува крап за добиточна храна, но не планира целосно да и се врати на оваа риба додека не поевтини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img