На Пендаровски ќе му мирува претседателската пензија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Прифатени се 29 барања за апанажа на пратеници од парламентарниот состав 2020-2024 на денешната седница на собраниската Комисија за избори и именувања.

Против предлогот за апанажа беше пратеникот од Левица Крмов. Поднесени се и други барања што се разгледуваат, информираше претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски.

Согласно законските одредби, апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието односно организацијата во која лицето ја вршело функцијата.

Според информациите од Собранието, 57 пратеници од минатиот состав имаат право на апанажа бидејќи не се дел од новиот состав. Рокот за поднесување барања на апанажа започна на денот на верификација на мандатите на членовите на новиот парламентарен состав 2024-2028, а завршува за 30 дена односно на 28 јуни.

Пратениците побарале апанажа во траење од 12 месеци, односно до 27 мај 2025 година. Само еден пратеник побарал апанажа од 2 месеца и 10 дена зашто потоа оди во пензија.

Законот за плата и другите надоместоци на пратеници во Собранието и другите избрани и именувани лица предвидува пратеник да може да остварува плата и по престанувањето на мандатот за време до една година, и тоа: три месеци ако мандатот на пратеникот траел до шест месеци, шест месеци доколку мандатот на пратеникот траел од шест месеци и еден ден до 12 месеци, девет месеци ако мандатот на пратеникот траел од 12 месеци и еден ден до 24 месеци и 12 месеци ако мандатот на пратеникот траел 24 месеци и еден ден и повеќе.

Исто така, со законот се предвидува пратеник да може да остварува плата подолго и од една година, а најмногу уште шест месеци, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија.

За време на остварувањето на ова право пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци на трошоци.

Членовите на Комисијата го прифатија барањето на поранешниот претседател Стево Пендаровски за мирување на правото на пензија што тој го доставил до Собранието на 15 мај.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајковски информираше дека потпишал барање за престанок на апанажа на Оливер Спасовски и Весна Бендевска поради тоа што станале пратеници.

Собраниската Комисија за избори и именувања денеска ги прифати предлозите за составот на Комисијата за политички систем и на Законодавно-правната комисија.

Претседател на Комисијата за политички систем е Љупчо Пренџов, а негов заменик Јован Јаулевски, додека претседател на Законодавно-правната комисија е Александар Велјановски, а заменик Бобан Николовски.

- Advertisement -
Ad image

Во продолжение погледнете го списокот на пратениците кои побарале апанажа:

 

Share This Article