На отуѓениот татко на Бритни Спирс, 71-годишниот Џејми Спирс му била ампутирана ногата минатиот месец.
„Имаше операција на коленото поради што дојде до ужасна инфекција“, изјави извор за американскиот портал „Пејџ сикс“. Џејми Спирс имал неколку неуспешни операции кои резултирале со ампутација.
„Пејџ сикс“ уште пред два месеци објави дека тој е тешко болен и е во болница за инфективни болести. Поради овие здравствени проблеми кои произлегуваат од замена на коленото во средината на 2000-тите, Џејми Спирс изгубил повеќе од 10 килограми.
Меѓутоа, Бритни не размислува да контактира со својот татко за да го поправи нивниот лош однос пред да биде предоцна, потврдиле повеќе извори.
– Бритни работи на своето исцелување и не планира да се смири со својот татко – рекол еден извор.
Имено, пејачката се отуѓи од својот татко во текот на борбата за прекинување на старателството под кое ја стави во 2008 година. Во своите неодамна објавени мемоари „Жената во мене“ (The Woman in Me), детално опиша како ги контролирал нејзините лични и финансиски одлуки, ја принудувал да оди на рехабилитација и ги потрошил нејзините пари. Судијата го укина старателството во 2021 година.
Пејачката исто така беше во кавга со својата мајка Лин Спирс во текот на битката за старателство, но се смири со неа на почетокот на оваа година.