На „Олимпико“ ечеше македонската химна во изведба на Благој Нацоски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Селекцијата на Италија во Рим ја победи Македонија со 5-2 (3-0 на полувремето). во мечот од квалификациите за пласман на ЕП 2024.

Освен за подобрување на рејтингот, за Македонија овој меч немашe посебно резултатско значење, со оглед на тоа дека се загубени сите шанси за пласман на Европското првенство што ќе се одржи идната година во Германија. Но, бодовите им беа потребни на Италијанците, кои сѐ уште се борат за пласман на ЕП и евентуален негативен резултат на средбата ќе беше рамен на катастрофа.

Македонските навивачи во одлично расположение дојдоа на мечот против Италија на „Олимпико“ во Рим. Пред стадионот ечеа македонски песни.

Италијанците се покажаа како големи домаќини на денешниот натпревар против фудбалската репрезентација на Македонија. На нивна покана, македонскиот оперски пејач Благој Нацоски пред полниот стадион ја испеа македонската химна.

На последниот меѓусебен дуел кој се играше во Палермо, Македонија со голот на Александар Трајковски ја совлада Италија со 1:0 и обезбеди пласман во финалето на баражот за пласман на СП во Катар.

Фото: МИА

Share This Article