More

    На одделни средби евродипломатот ќе проба да ја спушти тензијата

    spot_img

    Високиот претставник за надворешна политика ќе се сретне со српскиот претседател и косовскиот премиер во Париз каде ќе разговара за намалување на тензиите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Брисел.

    Првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, денеска ќе отпатува во Париз за Парискиот мировен форум каде утре ќе има одвоени средби со српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти. Ова е прва физичка средба по последниот бран на ескалација меѓу Белград и Приштина.

    Портпаролот на Европската Комисија за надворешна политика, Петер Стано, не откри кои пораки Борел ќе им ги пренесе на Курти и Вучиќ, но рече дека целта е да се помогне да се смири ситуацијата.

    – Главната цел е да се продолжат напорите на ЕУ да им се помогне на двете страни да ги смират тензиите и да се деескалира ситуацијата, како и да постигнат напредок во дијалогот, посебно после последната ескалација меѓу Косово и Србија – изјави Стано.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img