На новата Шангајската листа на најдобрите универзитети во светот (ShanghaiRanking Consultancy) нема ниеден универзитет од Македонија, но во првите илјада нема ниту универзитети од Бугарија и Албанија. Ова е трета година по ред како меѓу најдобрите 1.000 универзитети во светот, нема ниту една македонска високообразовна установа.
Од универзитетите во регионот, универзитетот во Белград ја подобрил својата позиција. Како што е објавено, Универзитетот во Белград е рангиран меѓу 301-во и 400-то место на листата. Универзитетот во Нови Сад ја задржал минатогодишната позиција, меѓу 901 и 1000 место.
Од останатите, Универзитетот во Загреб ја задржал својата позиција меѓу 401. и 500. место, додека Љубљанскиот универзитет остварил полошо рангирање и на листата се наоѓа меѓу 601. и 700. место.
Шангајската листа е неформална, но се смета за една од најпочитуваните.
Универзитетот Харвард од САД е на врвот на листата веќе 21 година. На второ место е Универзитетот Стенфорд, а на трето Институтот за технологија Масачусетс (МИТ) – сите од САД. Американските универзитети, всушност, држат 14 од најдобрите 20 места на Шангајската листа.
фото: МИА