На на граничниот премин Табановце за влез во државата време на чекање е околу 1 час, а на преминот Богородица за излез се чека околу 30-40 минути, информира Авто мото сојузот.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата,