На македонско-бугарската граница има возила кои од Турција превезуваат минофрлачи и проектили!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државните органи на Република Србија неофицијално добиле инфромција, од увид на товарните листи, дека во моментов на бугарско-македонската граница се наоѓаат 11 камиони кои се движат кон територијата на Косово и Метохија, дознава српски Курир.

Како што стои во објавата, камионите носат најсовремено оружје, минофрлачи и проектили од Турција во вредност од 27,5 милиони евра, а по нарачка на министерството за одбрана на Косово.

Ова е јасен доказ дека војската на Косово интензивно се наоружува.

Да потсетиме, барањето на Владата на Србија за враќање на сто до илјада српски безбедносни сили според резолуцијата 1244 на територијата на Косово и Метохија денеска е доставено до КФОР на административниот премин Мердаре. Владата на Србија синоќа донесе одлука согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН да испрати барање до КФОР за враќање на до илјада српски безбедносни сили на територијата на Косово и Метохија.

Граѓаните сѐ уште се на барикадите во обид, како што велат, да го свртат вниманието на нивните проблеми кои траат со месеци, а со апсењето на Миљан Аџиќ и Дејан Пантиќ прераснаа во нова фаза на кризата.

фото: Илустрација

Share This Article