На Крим се урна мост меѓу селата Изумрудноје и Маслово, објави руското Министерство за вонредни ситуации на својот канал на Телеграм.
„Во моментот на инцидентот на мостот имало патнички автомобил и камион. Припадниците на руското Министерство за вонредни ситуации ослободија две повредени лица“, се вели во соопштението.
Оттаму додаваат дека урнатиот мост се наоѓа над железничката пруга.
Едната од жртвите е хоспитализирана и е во тешка состојба, додека на другата и била укажана помош во Брза помош.
Истражниот одбор соопшти дека мостот се урнал кога преоптоварен камион поминал преку него.