More

    НА КОВАЧЕВСКИ МУ ПРОПАДНА ИДЕЈАТА ЗА КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ Социјалдемократите ќе извадат свој адут

    spot_img

    Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МИА, прашан кога ќе биде познат претседателскиот кандидат на партијата, вели дека нивниот кандидат ќе дели европски вредности и нема да ги дели граѓаните на ниту по еден основ, додавајќи дека актуелниот претседател Стево Пендаровски во изминатите пет години одлично ја извршувал функцијата.

    – Не би сакал во моментов да истакнувам ниту еден кандидат со оглед на тоа дека тоа е не ниту статутарно, не е ниту етички од моја страна. Меѓутоа, само ќе истакнам дека бидејќи најмногу прашања се вртат околу тоа дали претседателот Пендаровски ќе оди за втор мандат јас сметам дека тој одлично ја обавуваше својата функција во текот на изминатите пет години, токму ги застапуваше вредностите коишто јас сега ги кажав, меѓутоа и коишто ги споделува нашата партија, вредностите коишто ги споделува и нашата коалиција, односно коалиционите партнери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, изјави Ковачевски за МИА, во одговор на прашањето колку кандидати се влезени во потесниот круг и кога ќе биде објавено неговото име.

    Ковачевски додаде дека јасно е каков ќе биде профилот на претседателот што ќе го предложат, односно, ќе дели европски вредности, ќе се залага за заокружување на процесот на европски интеграции на државата до 2030 година којшто нема да ги дели граѓаните по ниту еден основ не само етнички, туку и по која било припадност на кој било граѓанин во нашата држава.
    – Сметам дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија која што може да даде таков кандидат и се потврдило во минатото дека кандидатите коишто биле предложени од СДСМ, а коишто станале претседатели на државата застапувале токму такви вредности. Ние сме коалиција која што има најголем број на политички партии во неа и сметам дека исто така дека на тој начин ќе биде продолжена и политиката на добрососедски односи, политика на одлични меѓуетнички односи во државата и секако политиката на одлични односи со стратешките партнери со САД, Велика Британија и Европската Унија, додаде Ковачевски.

    Вели дека меѓу кандидатите се и бивши претседатели на партијата, бивши претседатели на државата, бивши секретари на партијата и видни истакнати членови на заедницата, како на пример поранешни истакнати судии…

    Ковачевски нагласи дека ќе одат со свој кандидат за претседател, којшто, како што рече, ќе биде поддржан од голем број нивни коалициски партнери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img