Дали некој е привлечен или не зависи од многу фактори, а едно од студиите покажува дека и годините имаат врска со тоа.
Истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието New Beaty, се обиде да даде универзален одговор за привлечноста. Во истражувањето учествувале 16.000 луѓе од осум земји: Германија, Италија, Франција, Шпанија, Обединетото Кралство, Австралија, САД и Канада, пренесува Глоси.
Сите испитаници одговориле на едно, наизглед едноставно прашање: на која возраст жените се најпривлечни, а на која возраст мажите?
Резултатите од истражувањето покажале дека жените се најатрактивни на 28, а мажите на 32 години.
Интересно е што резултатите во одделни земји отстапуваат од вкупните резултати.
На пример, во Велика Британија универзалниот одговор беше дека жените се најубави на 23, а мажите на 33 години, додека Американците одговорија дека жените се најпривлечни на 31, а мажите на 34 години.