More

    На кое место е Македонија на листата земји во кои се пие алкохол?

    spot_img

    Безмалку сите луѓе во светот, без разлика од која земја доаѓаат, имаат една зедничка работа: пиењето алкохол. Не е воопшто важно дали сте се напиле чаша вино за време на ручекот, аператив пред вечерата, пиво додека гледате фудбал, ракија со мезе… Важно е дека уживате да консумирате акохолни пијалаци.

    А токму таа консумација во секоја држава многу варира и е под влијание на законите, културата, традицијата.

    Светската здравствена организација (СЗО), на пример, забележала потрошувачка на алкохол во секоја земја во литри чист алкохол за сите пива, вина, жестоки пијалоци и други алкохолни пијалоци.

    Евидентирана е просечна потрошувачка за лица постари од 15 години. Светската просечна потрошувачка изнесува 6,18 литри, со особено висока концентрација на повисоки потрошувачи во Европа, објави World population review.

    Со цел да се објаснат разликите во содржината на алкохол во различни пијалоци (на пример, вино или пиво), вредностите се изразени во литри чист алкохол годишно.

    Ова се првите 10 земји со најголема потрошувачка на алкохол (во литри чист алкохол по глава на жител):

    Летонија – 13.19

    Молдавија – 12,85

    Германија – 12,79

    Литванија – 12,78

    Ирска- 12,75

    Шпанија – 12,67

    Уганда – 12,48

    Бугарија – 12,46

    Луксембург – 12,45

    Романија – 12,34

    Имајќи ги предвид податоците дадени од Our World in Data, слободно може да се каже дека европските земји традиционално консумираат поголема количина алкохол по лице.

    Податоците за Македонија се 6,43 литри по глава на жител годишно, што би било некаде на средината на светската скала.

    Според оваа статистика, мажите кај нас пијат 4,2 пати повеќе од жените, поточно во однос 10,36 : 2,54.

    Во повеќето земји, мажите пијат во просек најмалку три пати повеќе алкохол од жените. На пример, комбинираниот просек во Чешка е 14,6 литри, но родовиот просек е 6,9 литри за жени и 22,0 литри за мажи (и двете се глобално високи).

    Во некои земји, разликата е уште поголема. Во Туркменистан, на пример, мажите пијат 5,26 литри годишно, повеќе од пет пати повеќе од жените (1,03 литри годишно).

    Други бројки откриваат дека Северна Африка и Блискиот Исток покажуваат релативно ниско ниво на алкохол.

    А ова се првите 10 земји со најмала потрошувачка на алкохол:

    Сомалија, Бангладеш, Кувајт, Мавританија, Саудиска Арабија – 0,00

    Авганистан – 0,013

    Либија – 0,027

    Јемен – 0,034

    Египет – 0,14

    Сирија – 0,19

    Бутан – 0,21

    Индонезија – 0,22

    Пакистан – 0,31

    Џибути – 0,36

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img