Четворица израелски војници загинаа, а неколку се ранети во Рафах на југот на Газа. Вкупниот број на жртви на израелската страна од почетокот на офанзивата сега се искачи на 348, додека најмалку 41.250 луѓе се убиени во Газа
За време на операциите во градот Рафа на крајниот југ од Газа, во вторникот загинаа четворица припадници на израелските сили, а најмалку петмина беа ранети, соопшти денеска израелската армија. Со ова вкупниот број на израелски војници загинати за време на војната во Газа, според странските новински агенции, достигна 348.
Се наведува дека војниците загинале во експлозија во една од зградите во Рафах, каде, според израелскиот портал Ynet, барале оружје и муниција.
Меѓу загинатите е и 20-годишна воена медицинска сестра, која со тоа стана првата жена израелски војник убиена за време на повеќе од 11-месечната офанзива во енклавата. Меѓу ранетите, тројца се во критична состојба.
Вкупниот број на загинати во израелската армија од почетокот на офанзивата во енклавата се искачи на 348. Во меѓувреме, на палестинска страна, според здравствените власти во Газа, од 7 октомври се убиени најмалку 41.250 лица. Повеќе од 95.300 се ранети.