На Ивана Илиќ, мајка на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), полицијата и го зела телефонот и го испратила на вештачење

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На Ивана Илиќ, мајка на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), полицијата и го зела телефонот и го испратила на вештачење, дознава Блиц. Неофицијално, полицијата ги испитува сите контакти на семејството на исчезнатата Данка Илиќ и нивните врски.

Родителите на исчезнатата Данка Илиќ беа приведени во полиција на распит во врска со исчезнувањето на нивната двегодишна ќерка, која исчезна вчера во 13 часот во Бањско поле кај Бор.

Како што дознава Блиц, мајката и таткото на исчезнатата Данка Илиќ биле сослушани за околностите на исчезнувањето на нивната ќерка. На таткото му е извршено полиграфско испитување. Мајката пак, Ивана Илиќ како што пишува Блиц е бремена.

– Полицијата го проверува приватниот живот и контактите на членовите на семејството на исчезнатата Данка Илиќ. Не исклучуваат ниту една можност додека се детално не се испита – вели изворот на Блиц.

Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот околу 13 часот во предградието Бањско поле кај градот Бор. Потрагата по девојчето се уште трае, а како што соопштија од полицијата, операцијата траела цела ноќ. Имено, како што изјави за Блиц мајката на девојчето, таа била со синот во Бањско поле кога девојчето исчезнало.

– Детето носеше виолетови панталони и маслинесто зелена јакна, со врзана коса. Одговара на името, но сеуште е мала, уште не зборува. Луѓето известија дека била видена во близина на зграда, но ја немало – изјавила во првата изјава преплашената мајка на девојчето.

Share This Article