На итна седница ќе се одлучи кој ќе ја наследи Дамева

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Судскиот совет денеска попладне на итна седница ќе избира нов претседател, откако претпладнево досегашната претседателка Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Прва точка на седницата е констатирање престанок на функцијата претседател на Судскиот совет, поради неотповиклива оставка, по што ќе следи избор на претседател.

Членови на Судскиот совет се судиите Џенета Бектовиќ, Исамедин Лимани, Александар Камбовски, Ивица Николовски, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Лорета Горгиева и Антоанета Димовска и истакнатите правници Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска,  Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

фото: МИА

Share This Article