Американскиот претседател Џо Бајден повторно стана „мета“ на потсмев на интернет со најновиот гаф.
Фокс њуз пренесува дека шефот на Белата куќа ги запрепастил учесниците на годишната гала вечера на Лигата на гласачите за заштита на природата (League of Conservation Voters), одржана во петокот во Вашингтон, додека пред нив најавил изградба на пруга преку океанот.
– Планираме да изградиме пруга од Тихиот океан и сè преку Индискиот Океан – рече Бајден, очигледно мислејќи на железница што би се протегала низ целата широчина на САД од Пацификот до брегот на Атлантикот.
Овој негов најнов гаф веднаш стана хит на интернет, па еден од твитерџиите напиша „Тоа, брат, е воз што минува 13.000 километри преку океан, Бајден 2024!“, мислејќи на кандидатурата за реизбор на Бајден како кандидат на демократите.
Абигејл Марони, портпаролка на Џош Хејли, републиканскиот сенатор од Мисури, на Твитер напиша „ставете го дедото во кревет“.
„Њујорк пост“ пишува дека еден од похумористичните одговори дошол од корисник на социјалните мрежи кој го прашал Бајден дали би ангажирал познат цртан лик за новиот проект.
– Кој ќе го вози тој воз? Сунѓерот Боб? – гласеше таа порака.