На Инстаграм профилот „Амејзинг мапс“ е објавена мапа што ја покажува веројатноста да ви понудат храна како гостин во земјите ширум Европа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На Инстаграм профилот „Амејзинг мапс“ е објавена мапа што ја покажува веројатноста да ви понудат храна како гостин во земјите ширум Европа.

Прашањето покрај мапата гласи: „Дали ќе добиете храна како гостин во нечија куќа?“

Земјите се претставени во различни бои. Темносината ги означува државите во кои гостинот речиси секогаш добива богата трпеза. Во земјите во светлосино обично ќе ве почестат со храна. Портокаловата зона ги означува земјите во кои не се очекува закуска, а црвената боја ги означува домаќините кои речиси никогаш нема да ви понудат јадење.

Македонците, Србите, Бугарите, речиси целиот Балкан, како и Средоземјето, најмногу се истакнуваат во гостопримството, т.е. важат за прилично дарежливи домаќини.

Посеверно – почнувајќи од Словенија, Романија итн. – веројатноста да се добие солидна трпеза се намалува… Така е и во јужна Франција, делови на Италија, Шкотска, Ирска, како и во Источна Европа.

Во јужниот и во средишниот дел на Германија, Австрија, Швајцарија и во Англија, човек на гости поретко ќе добие богата трпеза.

Скандинавските земји, северна Германија и Холандија се означени со црвено, што значи дека домаќините тука се „најскржави“ според оваа мапа.

Интересно, страницата на Инстаграм е холандска.

 

- Advertisement -
Ad image

Фото: Unsplash

Share This Article