More

    На Илинден е вандализиран споменик на специјалец на МВР кој загина во пресметката во кумановската „Диво Насеље“ во 2015 година

    spot_img

    Во доцните вечерни часови на празникот Илинден е вандализиран споменик на специјалец на Министерството за внатрешни работи (МВР) кој загина во пресметката во кумановската „Диво Насеље“ во 2015 година.

    На споменикот во чест на Горан Стојменовиќ во скопската населба Инџиково, Општина Гази Баба, непознати вандали со спреј го пречкртале неговиот лик и другите делови од споменикот, објави Експрес.

    Демократската партија на Србите во Македонија бара надлежните органи веднаш да преземат акција за наоѓање на вандалите.

    „Најостро го осудуваме сквернавењето на споменикот на нашиот брат Горан Стојменовиќ во скопско Инџиково. Горан херојски загина во борбите со албанските терористи во кумановското Диво Насеље во 2015 година”, наведено е во реакцијата на ДПСМ.

    Фото: Експрес

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img