More

    На Хоџа и на Бајрами од Беса не им се допаѓа новото друштво

    spot_img

    Опозициската соработка на лидерот на Беса, Билал Касами, со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, и со Изет Меџити кој допрва ќе формира политичка партија, ја подели Беса.

    Заменик претседателот на партијата Аријанит Хоџа јавно порача дека се оградува од опозицискиот блок.

    Неофицијално, на ист став со Хоџа е и пратеникот Бастри Бајрами, што би значело дека Касами во Собранието останува со еден пратеник.

    „Од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот ‘опозициски блок’ со оглед на тоа што главните актери, носители на оваа иницијатива не имаат за цел политичка ротација, туку едноставно ‘перење’ на политички фигури кои не далеку од денес беа актери за одржување на актуелната власт во живот и ја спречија ротацијата во албанскиот политички табор. За детали за политичките убедувања и луѓето кои го делат истото политичко мислење со мене, ќе ве известиме преку прес конференција во текот на оваа недела“, напиша Хоџа на Фејсбук.

    Инаку, тројцата лидери денеска имаа средба и разговараа за принципите на нивната идна соработка со која терба да се обедини албанската опозиција во земјава.

    „Почитувани граѓани, истомисленици и соработници, Како што изјавивме претходно, силно ќе се ангажираме за обединување на гласот на опозицијата во земјата. Денешната средба со Касами и Гаши во Собранието на РСМ, каде што разговаравме за принципите на нашата соработка. Нашето искрено патување продолжува! Со среќа нека ни е“, сподели Меџити на Фејсбук.

    Во одделни објави за средбата се огласија и Касами и Гаши кои истакнаа дека дискутирале за можно зацврстување на албанскиот опозициски блок.

    „Денеска имавме заедничка и многу конструктивна средба со Изети Меџити, кој работи во рамките на новото движење и со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Разговаравме за идејата за соработка и интеграција за создавање заеднички опозициски фронт како потреба на албанската политичка сцена. Во пријателска и конструктивна атмосфера разговаравме за следните чекори за плодна соработка на албанската политичка сцена. Останатите детали за оваа соработка ќе бидат откриени во следните денови“, напиша Касами.

    Гаши, пак, посочува дека се разговарало за подготовката на предлог-понуда која дополнително ќе се прошири во предизборната програма.

    „Помеѓу другото, разговаравме и за подготовката на предлог понуда која дополнително ќе се прошири во предизборната програма. Лавината веќе започна. На хоризонтот е државен удар на оваа моќ. На новите избори, новата влада“, напиша Гаши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img