На граѓаните им се токмат повисоки цени на осигурување

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Се размислува за укинување на зелениот картон, односно воспоставување единствена премија за осигурување на возилата од автоодговорност, како што тоа е дефинирано со директивите на ЕУ, иако во Законот за задолжително осигурување во сообраќајот има одредба според која ова ќе се применува дури после влегување на земјата во Унијата, дознава Плусинфо.

Засега е непознато зошто владата размислува за предвремено применување на оваа директива. Од Министерството за финансии велат дека тие, заедно со Агенцијата за супервизија на осигурување и Националното биро за осигурување, веќе прават анализи за преминување кон овој модел.

Планот, како што дознаваме, е во првиот или вториот квартал од следната година да се добијат сите параметри и да се донесе одлука дали ќе се применува европскиот модел и кај нас, по што треба да се направат измени на Законот.

Ова за граѓаните кои поседуваат возила ќе значи и поскапување на осигурувањето, бидејќи во него ќе биде опфатено осигурувањето од автоодговорност и износот за зелен картон, покрај регистрацијата. Токму тоа била и причината што во Министерството за финансии и другите институции задолжени за осигурувањето се прават анализите пред да се обелодени намерата во јавност.

– Со оглед на тоа што примената на таквиот модел значително ќе ги зголеми трошоците на граѓаните при осигурување на возилата правиме анализи за преминување кон моделот што се применува во ЕУ, односно плаќање единствена премија за осигурување на моторните возила, која вклучува автоодговорност и зелен картон – велат од Министерството за финансии.

Од Министерството не споделуваат информација за тоа какви се предвивувањата за цените на осигурувањето, по спојувањето на осигурувањето од автоодговорност и зелениот картон, и кога би можело да се очекува примена на заедничкото осигурување.

Инаку според актуелниот Закон за задолжително осигурување во сообраќајот, единствената премија е предвидено да почне да се применува кога земјава ќе стане полноправна членка на ЕУ. Пред неговото донесување осигурителните компании побараа да се укине зелениот картон и да се премине на единствено осигурување на возилата, но тогаш тоа нивно барање не беше прифатен. Истовремено, граѓаните и превозниците бараа поевтин зелен картон, бидејќи македонскиот е најскап во регионот. Сега владата се премисли и бара начин како да им одговори на двете барања, но каков ќе биде крајниот исход, не се знае.

Кои се цените на зелениот картон и осигурителната премија?

Според актуелните цени зелениот картон за патничко возило до 66 kW на годишно ниво е 3.690 денари, а за они над 66 kW за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 киловати за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 kW e 3.075 денари.

За влечните и специјалните возила, мотоциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и автобусите е 17.222 денари. Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.

- Advertisement -
Ad image

Износот на годишната премија е еднаков кај сите осигурителни компании зависи од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др. Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку немате предизвикано сообраќајна незгода.

Осигурувањето од автоодговорност е законски задолжително осигурување кое се склучува при регистрација на моторните возила. Целта е да се обезбеди заштита во случај на штета нанесена на трети лица и предмети, така што трошоците кои инаку би требало да ги плати осигуреникот (сопственикот на возило), ги надоместува осигурителната компанија каде што е потпишан договорот за осигурување. Ова осигурување ги покрива штетите во случај на загуба на живот, телесни повреди, нарушено здравје, уништување или оштетување на предмети.

Граѓаните и превозниците загрижени за поскапото осигурување и регистрацијата на возилата

Граѓаните кои во изминатиот период не користеле зелен картон, бидејќи не патуваат со сопствен автомобил во странство, се загрижени дека при регистрирањето на возилата ќе треба да платат повеќе.

- Advertisement -
Ad image

– Иако имам кола, јас со години поради финансиската состојба не возам кога одам во странство. Сега одел или не одел во странство ќе треба да платам осигурување кое подразбира и зелен картон. Пред некоја година исто се водеше ваква расправа и одлучија да има одделно осигурување од автоодговорност и зелен картон што беше добро за оние кои не возат во странство, а другите плаќаат висока цена за зелен картон. Сега, се чини, државата се премисли и ќе го подели износот на зелените картони на сите сопственици на возила, што не е праведно. Сметам дека тоа не е праведно кон оние кои не возат сопствен автомобил во странство – вели граѓанин.

И превозниците очекуваат повисок износ на осигурувањето бидејќи при формирањето на цената на новото осигурување ќе треба да влезат и факторите кои ја сочинуваа цената на зелениот картон меѓу кои вкупниот износ на штети во странство, реосигурување на штетите и нематеријалните штети, кои се многу висока ставка.

Билјана Муратовска од Асоцијацијата на превозните трговски друштва „Макам-транс“ вели дека доколку се спојат двата дела од сегашното осигурување ќе значи зголемување на износот за задолжително осигурување за сите што имаат во сопственост возила без разлика дали излегуваат надвор од државата или не.

– Немаме пресметка за тоа колку би се зголемило осигурувањето во овој случај, но знаеме дека износот ќе се зголеми бидејќи ќе се укинат износите што се плаќаат дополнително за зелен картон. Притоа ќе остане и административниот надомест за пополнување на образецот за државите со кои нема да биде воспоставено заемно признавање на регистрациите на возилата и автоматско обезбедување целосна автоодговорност за штети на трето лице – вели Муратовска.

Според неа, за да се воспостави ваков систем потребно е пред сè да се направи целосно ревидирање на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, негово допрецизирање и бришење на сите членови во кои се дефинирани одредби со одложена примена сè до влез на Македонија во ЕУ, како и да се промени и постојната тарифа на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица познатата пресметка бонус-малус по принцип на флота на возила и тоа за сите што имаат од шест и повеќе возила.

Како е во Европа?

Во поголемиот дел од земјите во ЕУ сопственици на автомобили плаќаат единствена премија за осигурување и зелен картон.

Во регионот, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Словенија и Грција се приклучија на поголемиот дел од земјите од ЕУ каде што е воведено единствено осигурување од автоодговорност.

Share This Article