На ГП „Табановце“ утрово се чека околу 30 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Поради изведување градежни работи (асфалтирање), од денеска до 12 септември 2022 на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица сообраќајот ќе биде во прекин од 9 до 15 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови.
Од 9 до 20 август 2022 и сообраќајот на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник е во прекин од 10 до 16 часот поради изведување градежни работи (асфалтирање). Работите се изведуваат само во работни денови.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.