More

    На ГП Богородица за излез се чека околу еден час, а на ГП Табановце за влез се чека околу еден час

    spot_img

    Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица за излез се чека околу еден час, а на ГП Табановце за влез се чека околу еден час.

    На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

    Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

    АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img