По вчерашниот ден и гужвата која предизвика повеќе од четири часа чекање на граничниот премин „Богородица – Евзони“ за влез во Грција, состојбата утрово е нешто подобра.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, известуваат од АМСМ.
На граничниот премин Дојран утрово нема поголемо задржување и во двата правци.
На граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека исто така околу 40 минути, а за излез има помала фреквенциија на возила и задржувањето е околу 20 минути.