Новак Ѓоковиќ реши да не се натпреварува на Завршниот Мастерс во Торино (од 10 до 17 ноември), со што ја заврши сезоната. Но и испадна од Топ 5 во светот.
Последица на одлуката воопшто да не патува во Торино го натера тенискиот великан од Србија по втор пат од 2006 година да испадне од Топ 5 на планетата, бидејќи останува без уште 1.300 поени.
Моментално е петтопласиран, а последен пат надвор од првите пет во светот беше во 2017 година, кога се здоби со повреда на лактот.
Потоа сезоната ја заврши на 12. место, а подоцна му требаше време да ја најде вистинската форма.
Годинава засега е познато дека Србинот во најдобар случај ќе биде шести во светот, на крајот би можел да падне на деветтата позиција.
Минатата година Ѓоковиќ заврши како број еден на АТП-листата, а пласманот веќе не му е важен, а тоа и самиот неколку пати го истакна.
Сепак, факт е дека подоброто место во рангирањето му гарантира нешто полесен пат до финалето.
Сега има две цели, да настапи за српската репрезентација, но и да се обиде да освои што повеќе грен слем титули. Првата шанса на Австралија опен ќе ја има на 12 јануари.