На Ѓоковиќ му се отвори патот во Париз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да учествува на Олимпијадата во Париз. Првиот светски рекет поради болни крајници не качи во авионот за Париз со своите сонародници, но повлекување не се очекуваше.

„Со жалење ве информирам дека за жал нема да можам да учествувам на Олимписките игри во Париз. По добрата недела тренинзи на земјена подлога, почнав да се чувствувам лошо.

Поминав неколку дена во одмор и при посетата лекарот откри воспаление на крајници и ме советуваше да не играм. Пропуштањето на Игрите е големо разочарување бидејќи тоа беше една од моите главни цели за оваа сезона. Едвај чекав да ја имам честа да ја претставувам мојата земја на овој многу важен настан. Среќно на сите италијански спортисти за кои ќе навивам од дома. Напред Италија“ – напиша Синер на социјалните мрежи.

Тоа значи дека нов прв носител на Олимписките игри кои се играат на терените на Ролан Гарос ќе биде Новак Ѓоковиќ и дека нема да се сретне со Карлос Алкараз пред финалето на турнирот.

Share This Article