На германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Бундестагот му е изгласана недоверба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Бундестагот му е изгласана недоверба, откако минатата недела тој поднесе барање за гласање доверба на Владата во Парламентот.

Шолц доби поддршка од 207 од 733 пратеници во Долниот дом на парламентот, 394 пратеници гласаа против, а 116 од нив беа воздржани.

За опстанок на владата на Шолц беа неопходни 367 гласови.

Овој исход од гласањето го отвора патот за одржување на вонредни избори во февруари 2025 година, кои треба да ја извлечат Германија од политичката криза

Share This Article