More

    На Галичица гори букова шума и вегетација

    spot_img

    Четири нови шумски пожари започнаа во попладневните часови. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов соопшти дека пожари избувнале во Ресен и Охрид на Галичица, на планината Лубин кај селото Цер, во месноста викана Клепало, Беровско и во месноста викано Чупино Брдо кај кривопаланечкото село Луке.

    Хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици, денеска дејствуваше врз три пожари и тоа во реонот на Јасен, Дупјани-Кичевско и Галичица. Како што соопшти МВР, во текот на денот во 52 налети се исфрлени 130 тони вода.

     

    фото: ЦУК

    Во пожарот на Галичица гори нискостеблеста вегетација и букова шума. На исток пожарот е распространет во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарската куќа. Попладнево за гаснење на пожарот дејствуваа хелихоптер на МВР на ресенска страна, три ЕТ – ДЗС и Германија на охридска страна, а во гаснењето на огнената стихија вклучени се и 120 лица и тоа од ДЗС, ТППЕ, НП, Планинска спасителна служба, доброволци и други лица.

    Нов пожар изби попладнево на планината Лубин, кај кичевското село Цер, каде гори меѓана шума. Пожарот го гасат припадници на противпожарната единица.

    Пожар има и во Беровско, кај месноста викана Клепало над браната Ратевска Река каде гори борова шума. Како што се посочува во информацијата од ЦУК, овој пожар е предизвикан од удар на гром, а го гаснат десет припадници на противпожарната единица.

    Причина за пожарот во месноста викана Чупино Брдо, кај кривопаланечкото село Луке е исто така гром. Гори мешана шума, а пожарот е проширен и на територија на Република Србија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img