Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се осврна на своето неодамнешно пензионирање.
– Дефинитивно дадов сè во текот на мојата кариера, па дури и повеќе отколку што можев. Уживав и научив што е напорна работа и посветеност. Не знам уште колку би можел да дадам, би можел да се обидам. Се чувствував како да сум доволно возрасен за да ставам крај на ова и се чувствувам навистина добро поради тоа – рече Федерер на подкаст на „АТП радио”.
На 15 септември Федерер објави дека ќе се пензионира. На 24 септември Швајцарецот во пар со Рафаел Надал загуби од Американците Френсис Тиафо и Џек Сок – 4:6, 7:6 (7:2), 11:9. Тоа беше неговиот последен професионален натпревар.
Севкупно, Федерер има 103 титули на турнирите под покровителство на АТП. Тој помина рекордни 237 недели по ред на врвот на светската ранг-листа.