НА ЕВРОПЕЈЦИТЕ ИМ ПОСКАПЕА ХРАНАТА, ПИЈАЛАЦИТЕ И ЦИГАРИТЕ Инфлацијата во еврозоната порасна на 2 отсто

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Годишната стапка на инфлација во еврозоната според прелиминарната проценка се зголеми од септемвриските 1,7% на 2% во октомври, соопшти денеска Евростат.

Во октомври цените на енергенсите се намалија за 4,6% на годишно ниво, со побавно темпо од септември кога се намалија за 6,1 %.

Спротивно на тоа, цените на услугите во еврозоната се зголемија за 3,9% на годишно ниво, со исто темпо како и минатиот месец, а индустриските производи освен енергијата поскапеа за 0,5% на годишно ниво, споредено со растот од 0,4 % во септември.

Цените на храната, алкохолот и тутунот во еврозоната во октомври се зголемија за 2,9% на годишно ниво, што значи забрзаа во однос на септемврискиот годишен раст од 2,4%.

Годишната стапка на базичната инфлација во еврозоната во октомври изнесуваше 2,7%, што е исто како и во септември. На месечно ниво, инфлацијата во еврозоната е зголемена за 0,3% во однос на септември.

Во врска со четирите најголеми економии во еврозоната, годишната инфлација во Германија се зголемила во октомври од септемвриските 1,8 на 2,4%, како и инфлацијата во Франција, од 1,4 % на 1,5%, Италија, од 0,7% на еден отсто и Шпанија, од 1,7% на 1,8%.

Еуростат ја мери инфлацијата со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени, а резултатите од оваа методологија понекогаш се разликуваат од податоците објавени од земјите во еврозоната.

Share This Article