More

    На денешен ден почина Арбен Џафери

    spot_img

    Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи денеска го посети вечниот дом на поранешниот лидер на партијата Арбен Џафери кој почина на денешен ден пред 11 години.

    Тачи и Џафери беа долгогодишни соработници и пријатели, а во времето кога Џафери беше претседател на ДПА, Тачи беше потпретседател.
    „На 11-годишнината од смртта на поранешниот претседател на ДПА г-дин Арбен Џафери, денеска претседателот на ДПА г-дин Мендух Тачи оддаде почит и положи венец од цвеќиња на гробот на починатиот. Вечен нека е споменот“, соопшти Службата за информирање на ДПА.

    Инаку, Џафери беше и пратеник, а меѓу другото, тој е и еден од четирите лидери кои го потпишаа Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на воениот конфликт од 2001 година.

    Арбен Џафери почина во 2012 година на 64 годишна возраст.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img