На четвртата вечер од филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран, беa проектирани 6 кратки и долгометражни филмови

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На четвртата вечер од филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран, беa проектирани 6 кратки и долгометражни филмови.

На самиот почеток беше прикажан „Дали си маж“ – краткиот македонски филм на Ѓорче Ставрески по што публиката имаше можност да постави прашања директно до режисерот.

Беше проектиран долгометражниот филм „Сребрен бунт“ од израелски режисер Дан Шадур и „Човекот кој не можеше да молчи“ на хрватскиот режисер Небојша Слијепчевиќ.

Публиката од оваа страна на граница, имаше можност да го погледне грчкиот филм „Тишина 6-9“ на Христос Пасалис, како и 13-минутната „Балада“ на Кристофер Нилсон од Франција. „Волкот и мачката“ на Жан-Себастијан Бернар од Франција беше последниот краткометражен филм проектиран вечерва на „Преку езерото“.

Претходно, во предпладневните часови како дел од студенската програма во овогодинешното издание на „Преку езерото“ се оддржа третиот пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови. Студентите кои се идни филмски автори ги презентираа своите сценарија пред менторот  Александа Русјаков.

На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ вчеравечер беше доделена единствената награда „Мето Јовановски“ – магот на македонското и балканското филмско мајсторство, актерот кој мината година ја одигра својата последна улога на овој свет и замина во светот на вечната игра и вечните соништа – актерот и сонувачот со отворени очи. Нашиот прв лауреат беше македонскиот актер Владо Јовановски.

Share This Article