Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, рече денеска дека воопшто не е лесно да се предводи каталонскиот клуб, бидејќи често пати се наоѓа на мета на критики од навивачите.
Чави (43) потекнува од фудбалската академија на Барселона, чиј дрес со голем успех го носеше од 1998 до 2015 година, а седна на клупата на каталонскиот гигант во 2021.
– Јас сум константно на мета на критики и осуда. Не ми е лесно, бидејќи имам семејство и деца. Постојат моменти кога не е исплатливо да бидеш тренер на Барселона – призна Чави.
Барселона води на табелата во Ла Лига со девет бодови предност во однос на второпласираниот Реал и има добри шанси да ја освои титулата.
– Честопати се прашувам дали ми се исплати да бидам тренер на Барселона. Од финансиски аспект тоа не ми е потребно, но навивам за овој клуб и сакам да му помогнам – изјави Чави.
Фото: МИА