На граничниот премин Табановце и на грангичниот премин Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.
Од АМСМ потсетуваат дека од 9 до 20 август 2022 година, на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 10 и 16 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.