На биткоинот му се заканува целосно пропаѓање доколу продолжи трендот од последното деноноќие. Најпозната криптовалута падна 12 отсто, а во текот на минатата недела за повеќе од 30 отсто, што е минимални 26.848 долари, најниско од декември 2020 година. Со други зборови избришана е вредност од 200 милијарди долари од пазарот за еден ден. Според аналитичарите 30.000 долари за биткоин е клучната точка под која не смее да се паѓа.
Се чини дека целиот технолошки балон се надувува со зголемената инфлација, која во април достигна 8,3 отсто во САД, како и со зголемувањето на каматните стапки од страна на американското Федерално биро.
Пазарната вредност на биткоинот денеска од 565,1 милијарди долари е речисти преполовена споредена со вредноста од лани во месец април.