На Балканот му претстои влажен февруари. Што значи нема да недостасува ниту дождот, а ниту снегот. Врнежите ќе бидат над просекот, а особено повеќе врнежи ќе има по 10 февруари, а до тогаш времето ќе биде потопло и посуво.
Не се исклучува можноста делови од Балканот да се соочат и со снежно невреме, како и со значителни врнежи од снег.
Можно е дури повторно да се соочиме со екстремно ниски температури, овој пат тие би се задржале подолго (можно е температурите да паднат и под -20 степени на некои места).
Конкретно за утрешната температура, утрото ќе биде студено, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Преку денот сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, информираше УХМР.
Во Скопје претежно сончево и тивко.