More

    На аукцијата учествува банки, финансиски институции и граѓани

    spot_img

    На аукцијата за првата емисија имаше побарувачка за скоро три пати повеќе, односно беше доставена понуда во износ од 1,635 милијарди денари. На аукцијата беа запишани зелени обврзници во износ од 10 милиони евра.

    Издадените зелени обврзници се со рок на доспевање од 2 години со каматна стапка од 4,75 отсто годишно, односно ќе доспеат на 5 октомври 2025 година, а каматата ќе биде исплатена на 5 октомври 2024 година за првата година и на 5 октомври 2025 година за втората година, заедно со главнината.

    Интерес за оваа обврзница покажаа банки, финансиски институции, но и од физички лица.

    – На аукцијата беше понуден износ од 1,635 милијарди денари, но како што најавивме, Министерството за финансии, запиша зелени обврзници во износ од 600,020 милиони денари. Интерес имаше од банки, финансиски институции, но и од физички лица.Тоа покажува дека на пазарот за капитал се потребни нови, креативни и иновативни инструменти кои ќе ја збогатат понудата и ќе овозможат на инвеститорите да го прошират своето финансиско портфолио – изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

    Парите обезбедени од издавањето на оваа прва емисија на зелена обврзницa ќе бидат насочени во Фондот за енергетска ефикасност во рамки на Развојната банка од каде компаниите ќе може да добијат средства по поволни услови за своите зелени инвестиции.

    Инаку, зелените обврзници се хартии од вредност што ќе се користат за инвестициски проекти за зелен развој. Тие се наменети за поттикнување и поддршка на проекти за унапредување и заштита на животната средина и за финансирање еколошки проекти. Целта е поттикнување и забрзување на инвестициската активност во земјата и забрзување на економскиот раст.

    Од Министерството за финансии информираат дека согласно Стратегијата за развој на пазарот на капитал во наредниот период на пазарот ќе бидат понудени и проектни и развојни обврзници, коишто се насочени кон развојни проекти и проекти поврзани со инфраструктурата.

    Во текот на овој месец ќе биде издадена и втората граѓанска обврзница. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img