На армијата на Полска ѝ недостасува оружје, откако огромни количества беа испратени како помош на Украина, па земјата очекува арсеналот да се пополни од соработката со западните сојузници, вели полскиот претседател Анжеј Дуда.
– Очекуваме празнините кои се појавија во нашите ресурси, да бидат пополнети од во рамки на сојузничкиот механизам за поддршка – изјави Дуда.
Полска е најголемиот снабдувач на тешко вооружување на Украина, а досега на фронтот во соседната земја беа испратени повеќе од 100 тенка, артилјериски орудија од голем калибар, муниција, дронови и ПВО системи. Воената помош што досега е обезбедена за Украина, Полска ја чинеше 1,7 милијарди долари.
Но, тоа што во моментов ги загрижува Полјаците е недостатокот на оружје, како и фактот дена земјата ќе ѝ бидат потребни години за да го надополни кусокот.
– Се обраќаме до нашите сојузници, особено до нашите главни сојузници, да ни ја испратат опремата, која не мора да биде нова – додаде Дуда.
Полскиот претседател се пожали пред домашната јавност, дека од ЕУ не е добиена никаква финансиска помош, за тоа што на нејзината територија претстојуваат 3 милиони бегалци од Украина.