More

    На актерот Дејв Кулие му е дијагностициран трет стадиум на не-Хочкинов лимфом

    spot_img

    На актерот Дејв Кулие му е дијагностициран трет стадиум на не-Хочкинов лимфом. Ѕвездата на серијата „Полна куќа“ (Full House) во емисијата „Тудеј“ откри дека има здравствени проблеми.

    „Се чувствував како да добив удар во стомакот затоа што мислиш дека тоа тебе никогаш нема да ти се случи“, рекол Кулие откако дознал дека има рак. „Секогаш слушаш дека тоа му се случува на некој друг“, додал тој.

    Кулие открил дека неговиот прв симптом бил грутка во препоните и признал дека бил „на иглички“ неколку дена, чекајќи да дознае дали болеста се проширила на виталните органи, крвта, коските или на кое било друго место. Додека чекал, 65-годишниот актер и рекол на својата сопруга Мелиса: „Подготвен сум за какви било вести, без разлика колку се страшни. Имав неверојатен живот. Ги имав најневеројатните луѓе во мојот живот. Ова беше неверојатно патување и прифаќам ако е овој крај на тоа патување“.

    Меѓутоа, Кулие дознал дека ракот не се проширил надвор од лимфниот систем. Потоа почнал со хемотерапија, која ја опишал како интензивна и страшна.

    „Има денови кога се чувствувам неверојатно. А потоа има и други денови кога сакам само да лежам и да пуштам да биде како што треба да биде“, раскажал тој.

    Се очекува Кулие да го заврши лекувањето во февруари 2025 година, откако ќе помине шест циклуси на хемотерапија, на секои три недели. Иако дијагнозата на почетокот не му „звучела охрабрувачки“, Дејв ги уверил гледачите дека стапката на излекување е ветувачка.

    Тој и Мелиса, која има 41 година, се во брак од јули 2014 година. Дејв претходно беше во брак со Џејн Модеан, со која го има синот Лук, кој сега има 33 години.

     

    Публиката најмногу го памети по улогата на Џои Гледстон на „Полна куќа“ од 1987 до 1995 година, а подоцна ја репризираше улогата во „Полна куќа“ низ пет сезони. Во јануари 2022 година, актерската екипа тагуваше по колегата Боб Сагет, кој почина на 65-годишна возраст. Дејв потоа му оддаде почит на својот покоен пријател: „Моето срце е скршено. Те сакам Боб. Твојот брат засекогаш“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img